Војната меѓу Спарта и Атина, позната како Пелопонеска, која се водела во последната третина на V век п.н.е. претставува клучен настан во историјата на Античка Грција. Таа го означува крајот на Перикловото Златно доба, кое започнало со триумфот над Персијците 477 г.п.н.е. Главна причина за…
Наследник на асирската политичка моќ во Предна и Мала Азија била силната Персиска империја. Во среднината на шестиот век п.н.е. царот Кир Постариот избил на Егејското море, освојувајѓи ги тамошните грчки колонии. Тоа послужило како отскочна даска кон Античка Грција и Балканот, за кои Персијците…
Со завршувањето на Пелопонеската војна, Спарта станува водечка сила во хеленскиот свет. Мирот по Пелопонеската војна траел само две-три години, кога нови воени превирања се случуваат во античка Грција. Една епизода во Месопотамија ќе послужи како вовед во нов конфликт – овој пат меѓу Спартанците и…
Војната на Александар Македонски против Персиската мажестик-империја може да се смета како прва интерконтинентална војна во ерата пред Исус. Тоа е затоа што со неа била зафатена севкупната позната површина на Земјата: Европа, предна Азија и Северна Африка. Главна економска причина за походот на…
Воените судири меѓу Рим и Картагина траеле дури 118 години. Целиот период од 264 до 146 година п.н.е. бил во знакот на битките помеѓу тие две супер-сили. Главната причина се состоела во тоа кој ќе го контролира западниот сектор на Средоземното море. Рим се пројавувал како се’ позначајна сила во…
Илирите учествувале во Тројанската војна, партиципирале во Пелопонеската, а се дел од воените собитија предизвикани од инвазиите на Келтите. Како што се наведува во делото „Историја на Македонија“ од д-р Васил Тупурковски, со Илирите војувале речиси сите старомакедонски кралеви, почнувајќи од…
Судирот меѓу Рим и Картагина имал пошироки димензии, предизвикувајќи воени пожари не само в Италик и Африка, туку и во други територии. Како додавка на трите пунски војни, биднала војната меѓу Рим и хеленистичка Македонија. Главни актери на тој конфликт се старомакедонските кралеви Филип V и…
Понтското кралство било основано во почетокот на третиот век п.н.е. Се наоѓало крај југоисточниот брег на Црното море, под Понтските планини. Неговите жители веројатно биле Курди и Ерменци, а прв крал Митридат I, далечен предок на главниот протагонист на Понтските војни Митридат VI. Неговиот…
Во Рим се воделе жестоки граѓански војни кои биле толку брутални што на крајот го уништиле демократското уредување. Првата се одвивала меѓу конзулите Сула и Мариј, а причина била доделувањето на римско државјанство на лица вон Италик, со тнр. Сулпициеви закони. Демократите собрани околу Мариј го…
Требале да минат преку 200 години за Рим да доживее пораз како оној од Ханибал кај Кана. Таквиот пораз му го нанел илирскиот војсководец Батон, за време на таканаречената Батонска војна. Таа се случила за време на владееењето на Октавијан Август, кое било доба на релативен мир познат како Пакс…
Во 2009 година во Германија се чествуваше две илјади години од битката во тевтобуршката шума. Во таа голема битка, Старите Германи постигнале крупна победа против Рим, а нивниот водач Арминиј станал еден од првите припадници на тој народ кој оставил белег во светската историја. Римската империја…
Кон крајот на првиот век од нашата ера, во Рим дошло до смена на династиите. Флавиевата лоза била заменети со стариот сенаторски род Антонини. Прв претставник на оваа династија бил Нарва, со кој започнува добата на тнр. „Пет цареви-филозофи“. Втор владетел во таа императорска линија бил Марко…
Првиот христијански цар Константин, роден во Ниш 274 година, водел многу војни во животот. Тој бил бил син на владетелот Констанциј Хлор, актер од ерата на римскиот цар Диоклецијан. Диоклецијановото доба кон крајот на III век, било обележано со голема нестабилност на римската администрација.…
Во 70-тите години на IV век започнал еден од најдраматичните процесеси во историјата на човештвото. Станува збор за почетокот на поместувањето на Хуните кон Запад. Хуните биле моноголски народ од уралско-алтајско потекло, кои долго време се бореле за простор во внатрешноста на Азија. Нивен главен…
Со персиското кралство на Сасанидите завршува Антиката и стартува ерата на Средниот век. „Илустрираната енкциклопедија на светот“ од Сомерсет Фрај (с. 227 ) пишува дека околу 226 г., снажниот и моќен внук на персискиот водач Сасан, Ардашир, го убил последниот цар на Партија, Арсасид и ја започнал…
Со Јустинијан дефинитивно завршува Доцната антика и започнува Раното средновековие. Тој бил роден во близината на Скопје, во селото Таор. Византискиот историчар Прокопиј – инаку учесник на Војната против Вандалите - сметал дека Јустинијан бил или од словенско или од илирско потекло. Тој дошол на…
Војните на Византија против Германите во VI век ќе се покажат како пресудни за интензивирање на словенската колонизација на Балканскиот полуостров. Ако претходното столетие било во знак на готското присуство на византиските територии, VI и VII век биле карактеристични по големото словенско „цунами“…
Речиси истовремено, кога на Балканот се одвива словенскиот продор, на Блискиот Исток се случува грамадната арабјанска експанзија кон Азија и Африка. Цивилизација на семитските племиња од Арапскиот полуостров била недоволно позната до VI век (освен во ретки случаи). Таквата ситуација нагло се менува…
Откако се зацврстиле јужно од Пиринеите, арапите тргнале во поход северно од Пиринјските планини. Во тоа време, во северна Галија владеела франачката династија Меровинги, кои биле првите христијанизирани варварски кралеви на Запад. Кога арапите се префрлиле преку Пиринеите 719 и 720 г. меровиншки…
Неизбежно било доаѓањето во воен конфликт помеѓу Византија и новата сила на Ориентот – Арабија. Кога царот Ираклиј ја ништел Сасанидска Персија, тој практично го отстранил и „тампонот“ кој што го попречувал контактот помеѓу старата и младата теократија. Откако Арапите ги елиминирале грчките…