КалендарВладимир Јовановски

Теми

Историја

Војни, империи, епохи и луѓето што ги обликувале.

87 записи, страна 4 од 5

АЛЕКСИЈ I И ПРВАТА КРСТОНОСНА ВОЈНА 1095-1099 г.

Крстоносните војни претставуваат особен феномен во европската воена историја. Еден од ефектите кој што го произвеле христијанските походи кон Ориентот било продолжувањето на животот на Византиската империја. Таа, по згаснувањето на воинствената македонска династија и посебно после поразот кај…

БИТКАТА КАЈ МАНЦИКЕРТ 1071 г.

Една од најзначајните битки на сите времиња е таа кај Манцикерт, која што се одиграла 1071 г. кај денешното градче Малазгирт. Актери на судбоносниот „сраз“ биле Византија и Турците Селцуци. Манцикертскиот бој се смета дека бил од стратешко значење. Последиците од неговото одигрување ги чувствуваме…

БИТКАТА КАЈ ХЕЈСТИНГС 1066 г.

Една од најпресудните битки во англиската историја, Хејстингс, е всушност кулминација на етничката драма што се случувала на Британските острови претходните децении. По смртта на Данецот Кнут 1035 г. се поставило прашањето за наследникот на англискиот престол. Неколку етнички заедници претендирале…

ВОЈНИТЕ НА АЛФРЕД и ЕТЕЛРЕД 868 – 1016 г.

Нордиските инвазии во британските земји повторно се засилиле по смртта на Карло Велики. Во добата на Карло Велики, започнува процесот на обединување на англо-саксонските племиња во засебен народ. Овој процес е засилен во времето на Егберт, војводата на западната грофовија Весекс. Откако го победил…

БАЛКАНСКИТЕ ПОХОДИ НА КЊАЗ СВЕТОСЛАВ 968-971 г.

Увертира на првата голема руско-византиска војна бил нападот на Киевска Русија врз Цариград од 860 г. Таа епизода им останала во сеќавање на византијците, кои морале да го враќаат царот Михаил III од походот против Арапите во Анадолија, за да ги спасува од руската опсада. Тогаш започнале напорите…

ВОЈНИТЕ НА ЦАР СИМЕОН БУГАРСКИ 894 - 926 г.

Симеон Велики бил помал син на првиот покрстен бугарски владетел Борис – Михаил. Борис бил крстен од страна на последниот цар од Амориската династија Михаил III , есента 865 г. Истиот тој император, следната 866 г. за свој совладетел го крунисал извесниот Василиј Македонец, кој бил обичен селанец…

ВИЗАНТИСКИТЕ ВОЈНИТЕ СО ПРАБУГАРИТЕ 758 - 811 г.

Бугарските Словени се доселили во масивен бран околу 680 г., кога преку Дунав се префлиле „седумте племиња“. Словенизирањето на североисточна Бугарија го прикажал историчарот Петар Петров во книгата “Славјани и Праблгари до образуването на блгарската држава“: „Во земјите на север од Стара планина…

АРАПСКО-ВИЗАНТИСКИТЕ БОРБИ 636, 674, 717 И 740 г.

Неизбежно било доаѓањето во воен конфликт помеѓу Византија и новата сила на Ориентот – Арабија. Кога царот Ираклиј ја ништел Сасанидска Персија, тој практично го отстранил и „тампонот“ кој што го попречувал контактот помеѓу старата и младата теократија. Откако Арапите ги елиминирале грчките…

ВОЈНИТЕ НА КАРОЛИНЗИТЕ 732-804 г

Откако се зацврстиле јужно од Пиринеите, арапите тргнале во поход северно од Пиринјските планини. Во тоа време, во северна Галија владеела франачката династија Меровинги, кои биле првите христијанизирани варварски кралеви на Запад. Кога арапите се префрлиле преку Пиринеите 719 и 720 г. меровиншки…

АРАБЈАНСКАТА ВОЕНА ЕКСПАНЗИЈА 627-711

Речиси истовремено, кога на Балканот се одвива словенскиот продор, на Блискиот Исток се случува грамадната арабјанска експанзија кон Азија и Африка. Цивилизација на семитските племиња од Арапскиот полуостров била недоволно позната до VI век (освен во ретки случаи). Таквата ситуација нагло се менува…

БОРБИТЕ НА СЛОВЕНИТЕ СО ВИЗАНТИЈА 517-680 г.

Војните на Византија против Германите во VI век ќе се покажат како пресудни за интензивирање на словенската колонизација на Балканскиот полуостров. Ако претходното столетие било во знак на готското присуство на византиските територии, VI и VII век биле карактеристични по големото словенско „цунами“…

ГОТСКО-ВАНДАЛСКИТЕ ВОЈНИ НА ЈУСТИНИЈАН 533-552 г.

Со Јустинијан дефинитивно завршува Доцната антика и започнува Раното средновековие. Тој бил роден во близината на Скопје, во селото Таор. Византискиот историчар Прокопиј – инаку учесник на Војната против Вандалите - сметал дека Јустинијан бил или од словенско или од илирско потекло. Тој дошол на…

САСАНИДСКИТЕ ВОЈНИ 502-506 и 602-628 г.

Со персиското кралство на Сасанидите завршува Антиката и стартува ерата на Средниот век. „Илустрираната енкциклопедија на светот“ од Сомерсет Фрај (с. 227 ) пишува дека околу 226 г., снажниот и моќен внук на персискиот водач Сасан, Ардашир, го убил последниот цар на Партија, Арсасид и ја започнал…

ХУНСКИТЕ ВОЈНИ 441-453 г.

Во 70-тите години на IV век започнал еден од најдраматичните процесеси во историјата на човештвото. Станува збор за почетокот на поместувањето на Хуните кон Запад. Хуните биле моноголски народ од уралско-алтајско потекло, кои долго време се бореле за простор во внатрешноста на Азија. Нивен главен…

КОНСТАНТИН И ВОЈНИ НА ТЕТРАРХИЈАТА 312 324 г.

Првиот христијански цар Константин, роден во Ниш 274 година, водел многу војни во животот. Тој бил бил син на владетелот Констанциј Хлор, актер од ерата на римскиот цар Диоклецијан. Диоклецијановото доба кон крајот на III век, било обележано со голема нестабилност на римската администрација.…

ДАКИСКО-ПАРТИСКИТЕ ВОЈНИ НА ТРАЈАН 101-113 година

Кон крајот на првиот век од нашата ера, во Рим дошло до смена на династиите. Флавиевата лоза била заменети со стариот сенаторски род Антонини. Прв претставник на оваа династија бил Нарва, со кој започнува добата на тнр. „Пет цареви-филозофи“. Втор владетел во таа императорска линија бил Марко…

БИТКА ВО ТЕВТОБУРШКАТА ШУМА 9 г.Х.е.

Во 2009 година во Германија се чествуваше две илјади години од битката во тевтобуршката шума. Во таа голема битка, Старите Германи постигнале крупна победа против Рим, а нивниот водач Арминиј станал еден од првите припадници на тој народ кој оставил белег во светската историја. Римската империја…

БАТОНСКАТА ВОЈНА од 6 до 9 г.н.е.

Требале да минат преку 200 години за Рим да доживее пораз како оној од Ханибал кај Кана. Таквиот пораз му го нанел илирскиот војсководец Батон, за време на таканаречената Батонска војна. Таа се случила за време на владееењето на Октавијан Август, кое било доба на релативен мир познат како Пакс…

ГРАЃАНСКИТЕ ВОЈНИ ВО РИМ 88 –42 г.п.н.е

Во Рим се воделе жестоки граѓански војни кои биле толку брутални што на крајот го уништиле демократското уредување. Првата се одвивала меѓу конзулите Сула и Мариј, а причина била доделувањето на римско државјанство на лица вон Италик, со тнр. Сулпициеви закони. Демократите собрани околу Мариј го…

ПОНТСКИТЕ ВОЈНИ 89-64 г.п.н.е

Понтското кралство било основано во почетокот на третиот век п.н.е. Се наоѓало крај југоисточниот брег на Црното море, под Понтските планини. Неговите жители веројатно биле Курди и Ерменци, а прв крал Митридат I, далечен предок на главниот протагонист на Понтските војни Митридат VI. Неговиот…