БОЛНАТА РОЗА
О розо, болна си ти!
Невидлив црв,
Што в ноќта лета,
В бурата прв,
Канабе откри твое
На радост пурпурна,
И со тајна темна љубов
Живот твој урна.
(Вилијам Блејк, „ПЕСНИ НА НЕВИНОСТА И НА ИСКУСТВОТО што покажуваат две спротивни состојби на човечката душа“, прев. од англиски Иван Џепароски, изд. Мисла – Скопје 1988 г.)