КалендарВладимир Јовановски

Записи

Сите текстови од Календарот, од најновиот наназад.

556 записи, страна 27 од 28

„Остров“ од Олдос Хаксли

Оваа година се навршува половина век од излегувањето на „Остров“ - култното дело на британскиот писател Олдос Хаксли, кој се смета за еден од најпознатите книжевници на 20. век, автор ненадминат според обемот на проблемите за кои е заинтересиран и според стручноста со која ги обработува темите. По…

во Книжевност и уметност

Евлија Челебија во Скопје

По повод научната конференција посветена на ликот и делото на турскиот патеписец од 17. век објавуваме дел од неговата репортажа за Скопје. Извадокот е земен од преводот на „Патеписот“ објавен од издавачката куќа „Веселин Маслеша“ 1973 година во Сараево на српско/хрватски јазик Во Долна варош се…

во Македонија и Балканот

Откровение на Свети Јован Богослов

(извадок од Библијата на српски јазик, преведена од Вук Караџиќ, со божја помош) 6. И видјех другога анђела гдје лети посред неба, који имаше вјечно јеванђеље да објави онима који живе на земљи, и свакоме племену и језику и кољену и народу. 7. И говораше великијем гласом: Бојте се Бога, и подајте…

во Религија и духовност

ФАШИЗАМ, КОМУНИЗАМ И СЕКСУАЛИЗАМ

Вилхелм Рајх Оваа година се навршуваат 55 години од смртта на еден од најмистериозните научници на 20. век д-р Вилхелм Рајх. Тој умрел ноември 1957 г. во американски затвор, каде што бил сместен – според негови длабоки уверувања – од страна на ЦИА. Рајх е познат по неговата теорија за Оргонот, еден…

во Општество и политика

СПРЕМ ТЕ СЕ СПРЕМТЕ ЧЕТНИЦИ

Рехабилитација на Дража Михајловиќ Деневиве финишира судскиот процес за рехабилитација на четничкиот вожд Дража Михајловиќ. Овој српски генерал, кого мнозина во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина го сметат за воен злосторник, ќе биде рехабилитиран поради неговата соработка со Британија и САД.…

во Македонија и Балканот

КОМУНИСТИЧКИ КАПИТАЛИЗАМ

Една од најголемите заблуди што владее кај нас е таа дека државното сопствеништво во економијата било одлика само на комунистичките општества. Случајот со Република Турција го докажува спротивното. Имено, во текот на минатиот век, голем дел од турското стопанство било во сопственост на државата.…

во Општество и политика

ШПАНСКО-АМЕРИКАНСКАТА ВОЈНА 1898

Војната помеѓу САД и Шпанија е последниот воен конфликт, од стоте, кои ги презентиравме во ова истражување. Таа дошла на крајот на XIX век, кога во светот владеела колонијалистичка треска. Големите европски империи грозничаво се натрпреварувале која од нив ќе заграби повеќе територии во Азија…

во Историја

ВТОРА КРСТОНОСНА ВОЈНА 1146 – 1149 г.

Овој „крсташки“ поход уште се нарекува Војна на Луј VII бидејќи младиот француски крал бил нејзин главен протагонист. Тој бил шести изданок на династијата Капет, која претходното столетие ја презела кралската круна. Во врска со Втората крстоносна војна, во книгата „Историја на Франција“ пишува…

во Историја

АЛЕКСИЈ I И ПРВАТА КРСТОНОСНА ВОЈНА 1095-1099 г.

Крстоносните војни претставуваат особен феномен во европската воена историја. Еден од ефектите кој што го произвеле христијанските походи кон Ориентот било продолжувањето на животот на Византиската империја. Таа, по згаснувањето на воинствената македонска династија и посебно после поразот кај…

во Историја

БИТКАТА КАЈ МАНЦИКЕРТ 1071 г.

Една од најзначајните битки на сите времиња е таа кај Манцикерт, која што се одиграла 1071 г. кај денешното градче Малазгирт. Актери на судбоносниот „сраз“ биле Византија и Турците Селцуци. Манцикертскиот бој се смета дека бил од стратешко значење. Последиците од неговото одигрување ги чувствуваме…

во Историја

БИТКАТА КАЈ ХЕЈСТИНГС 1066 г.

Една од најпресудните битки во англиската историја, Хејстингс, е всушност кулминација на етничката драма што се случувала на Британските острови претходните децении. По смртта на Данецот Кнут 1035 г. се поставило прашањето за наследникот на англискиот престол. Неколку етнички заедници претендирале…

во Историја

БОРБИТЕ НА ЦАР САМОИЛ 976 – 1014 г.

Ерата на Василиј II , во чие доба на владеење и се случува борбата на цар Самоил, е опишана во повеќе книги, меѓу кои една од највредните е „Хронографијата“ на Михаил Псел. Псел бил дворјанин на Зоја Порфирогенит – внука на Василиј II и ќерка на неговиот брат и наследник на царската фотеља …

во Македонија и Балканот

ВОЈНИТЕ НА АЛФРЕД и ЕТЕЛРЕД 868 – 1016 г.

Нордиските инвазии во британските земји повторно се засилиле по смртта на Карло Велики. Во добата на Карло Велики, започнува процесот на обединување на англо-саксонските племиња во засебен народ. Овој процес е засилен во времето на Егберт, војводата на западната грофовија Весекс. Откако го победил…

во Историја

БАЛКАНСКИТЕ ПОХОДИ НА КЊАЗ СВЕТОСЛАВ 968-971 г.

Увертира на првата голема руско-византиска војна бил нападот на Киевска Русија врз Цариград од 860 г. Таа епизода им останала во сеќавање на византијците, кои морале да го враќаат царот Михаил III од походот против Арапите во Анадолија, за да ги спасува од руската опсада. Тогаш започнале напорите…

во Историја

ВОЈНИТЕ НА ЦАР СИМЕОН БУГАРСКИ 894 - 926 г.

Симеон Велики бил помал син на првиот покрстен бугарски владетел Борис – Михаил. Борис бил крстен од страна на последниот цар од Амориската династија Михаил III , есента 865 г. Истиот тој император, следната 866 г. за свој совладетел го крунисал извесниот Василиј Македонец, кој бил обичен селанец…

во Историја

ВИЗАНТИСКИТЕ ВОЈНИТЕ СО ПРАБУГАРИТЕ 758 - 811 г.

Бугарските Словени се доселили во масивен бран околу 680 г., кога преку Дунав се префлиле „седумте племиња“. Словенизирањето на североисточна Бугарија го прикажал историчарот Петар Петров во книгата “Славјани и Праблгари до образуването на блгарската држава“: „Во земјите на север од Стара планина…

во Историја

АРАПСКО-ВИЗАНТИСКИТЕ БОРБИ 636, 674, 717 И 740 г.

Неизбежно било доаѓањето во воен конфликт помеѓу Византија и новата сила на Ориентот – Арабија. Кога царот Ираклиј ја ништел Сасанидска Персија, тој практично го отстранил и „тампонот“ кој што го попречувал контактот помеѓу старата и младата теократија. Откако Арапите ги елиминирале грчките…

во Историја

ВОЈНИТЕ НА КАРОЛИНЗИТЕ 732-804 г

Откако се зацврстиле јужно од Пиринеите, арапите тргнале во поход северно од Пиринјските планини. Во тоа време, во северна Галија владеела франачката династија Меровинги, кои биле првите христијанизирани варварски кралеви на Запад. Кога арапите се префрлиле преку Пиринеите 719 и 720 г. меровиншки…

во Историја

АРАБЈАНСКАТА ВОЕНА ЕКСПАНЗИЈА 627-711

Речиси истовремено, кога на Балканот се одвива словенскиот продор, на Блискиот Исток се случува грамадната арабјанска експанзија кон Азија и Африка. Цивилизација на семитските племиња од Арапскиот полуостров била недоволно позната до VI век (освен во ретки случаи). Таквата ситуација нагло се менува…

во Историја

БОРБИТЕ НА СЛОВЕНИТЕ СО ВИЗАНТИЈА 517-680 г.

Војните на Византија против Германите во VI век ќе се покажат како пресудни за интензивирање на словенската колонизација на Балканскиот полуостров. Ако претходното столетие било во знак на готското присуство на византиските територии, VI и VII век биле карактеристични по големото словенско „цунами“…

во Историја