СО ОГАН И МЕЧ I
XI ...А војводата, одејќи по лешевите на толпата, стаса на чистинката спроти Запорошците и јуришна кон нив, а тие кон него. И се удрија како два спротивни бранови кои при сударот прават пенливо слеме. Се пропнаа коњите со коњите, коњаниците како бедем, а сабјите над бедемот – како пена. И позна…